Претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 истакна дека до крајот на месецот ќе бидат готови коалициските договори. Тој додава дека поддршка ќе добие таа партија со која имаат коалиција, не прецизирајќи дали е тоа Беса или ДУИ.

Немам сè уште одговор, но се надеваме дека ќе постигнеме до крајот на овој месец. Со ДУИ, БЕСА и ДПА. Таму каде што имаме повеќе кандидати од нашата коалиција, тој што ќе влезе во вториот круг логично е да биде поддржан од сите коалициски партнери, порача Заев за ТВ21.

Беса очекува поддршка во Тетово, каде што спроти Теута Арифи од ДУИ ќе застане Биљал Касами од Беса.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.