Демократската Унија за Интеграција целосно го осудува терористичкиот акт во Виена во кој животот го загубија невини луѓе, велат во соопштението од партијата.
Во овие тешки моменти за австрискиот народ, ние ја споделуваме болката со семејствата на жртвите и пријателскиот народ на Австрија. Демократската Унија за Интеграција нагласува дека Република Македонија и нејзините граѓани ја поддржуваат Австрија и се рамо до рамо се меѓународните сојузници во борбата против тероризмот.
Австрија, а особено Виена е домаќин на многу семејства од Република Македонија на кои постојано им нуди еднакви можности во сите области на животот, додека придонесот на австриската држава во регионот е извонреден.
Демократската Унија за Интеграција изразува искрено сочувство до семејствата на жртвите на овој ужасен настан и во оваа прилика го повторува ставот дека насилниот екстремизам нема место и никогаш нема да има во нашето општество и дека истиот мора да се искорени, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.