ДУИ ја искритикува албанската опозиција во земјата поради, како што сметаат, недостоинствено стоење во ходниците на македонските партии. Според ДУИ, тоа не може да го покрие нивниот неуспех на изборите на 15 јули и длабокиот пораз од ДУИ и Али Ахмети.

За ДУИ и недоаѓањето на заедничката тркалезна маса е само во функција на дефокусирање на поразот и избегнување на одговорноста на лидерите на овие политички партии пред гласачкото тело и нивните партиски тела.

Тие го гледаат своето преживување на политичката сцена преку обиди за неуспех на Албанците со тоа што стојат на ред пред шалтерите на СДСМ и на ВМРО, уништувајќи ги преговарачките позиции на победникот и легитимниот претставник на Албанците. Не претворајте го вашиот неуспех во неуспех на Албанците затоа што Албанците нема да ви простат и да го заборават ова недостоинствено однесување, им порачува ДУИ на другите лидери на албански партии.

Таа ги повикува да ја ослободат „узур“ и да не го претвораат нивниот партиски неуспех во национален, туку да го патот за нови луѓе кои ќе водат здраво обединување на опозицијата во корист на сите.

Ова е во интерес на Албанците и ние во ДУИ сме посветени на постигнување единство не дозволувајќи им на губитниците во нивните партии да избегнуваат одговорност за вечни порази во сите изборни процеси. Сега е време за одговорност за изборните порази, а ДУИ и Ахмети нема да престанат да се обидуваат да помогнат за здрава и достоинствена опозициска алтернатива, стои во соопштението од ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.