ДУИ вчера најавија дека лидерот на партијата Али Ахмети утре ќе соопшти изненадување.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети по повод 19-годишнината од основањето на партијата, на 5 јуни (05.06.2021) во сабота, во 12:00 часот, ќе им се обрати на граѓаните. Претседателот Ахмети преку социјалните мрежи ќе ја пренесе пораката упатена до сите членови на партијата и воопшто до сите граѓани на нашата земја, најавија од ДУИ.
Иако медиумите шпекулираа, сепак изненадувањето кое ќе биде соопштено во сабота не е заеднички кандидат Албанец на ДУИ и СДСМ за градоначалник за следните локални избори, тврдат извори од ДУИ за „Плусинфо“.
Во врска со наѓањата дека Имер Селмани може да биде заеднички претставник на ДУИ и СДСМ за градоначалник на Скопје од ДУИ велат: Тој не е наш!
Ахмети лично најави дека новата платформа ќе биде дискутабилна и ќе предизвика голема дебата слично како бранувањата за концептот „прв премиер Албанец“.
Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека Ахмети во сабота ќе откри убава работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.