Откако Шкодране Дардишта, функционер на ДУИ, директорка во Клиничкиот центар во Скопје и актуелен член на Управниот одбор на Македонски телеком во статус на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека за час ќе ги извади белите патики и дека се уште ги чува чизмите на таван, со реакција се јавија и од нејзината партија.
Од ДУИ за „Слободен печат“ велат дека госпоѓата Дардишта зборува за изборна битка.
„Госпоѓица Дардишта зборуваше за изборни битки, а не за војна. Таа сакаше да каже дека ДУИ е подготвена да се соочи на изборниот терен кога тоа ќе го посакаат опозициските партии. Тоа нема никаква врска со повиците за војна. ДУИ како апсолутен победник на локалните избори е подготвена секогаш кога и да се одржат парламентарните избори да влезе во трка и да излезе како победник. Чизмите подразбират подготвеност за изборен терен“, велат од ДУИ за „Слободен печат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.