Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) испитува како починале 12 пациенти болни од ковид-19, соопштија од Инспекторатот денеска откако во неделата ќерка на пациентка болна од ковид-19 на фејсбук објави дека нејзината мајка молела за кислород во болницата во Штип и телефонски ги барала медицинските лица кои не одговориле на нејзините повици.

Стручни надзори за пациенти починати од ковид 19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до Министерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово Кавадарци, Битола и Крива Паланка. Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ке бидат извршени за уште четири пациенти починати од ковид 19, велат од ДСЗИ.

Во текот на вчерашниот ден Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип, извршил вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип во врска со починатата пациентка од ковид-19 за која семејството тврди дека не успевала да добие лекарско внимание, односно дека не можела да добие никој од медицинскиот кадар да и донесе боца кислород во последните мигови од животот.

По инспекцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со решение му е наредено на директорот доктор Ален Георгијев веднаш да ја свика комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход. Директорот е задолжен во рок од три дена писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата, велат од ДСЗИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.