Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) до овој момент нема регистрирано внатрешна трансмисија на коронавирус внатре во градинките и училиштата. Претежно тоа се инфекции од надвор, изјави денеска директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова Бухова.
Во последните два месеца, Државниот и санитарен инспекторат има направено повеќе од 1 000 вонредни инспекциски надзори во правните субјекти кои се во негова надлежност, меѓу кои и градинките и училиштата.
ДСЗИ исто така, прави вонредни инспекциски надзори за зголемената смртност кај случаите со ковид, следејќи го патот на лекувањето на одредени пациенти, од матичниот лекар до институцијата каде настапила смртта.
ДСЗИ иницира вонреден стручен надзор во однос на одредување дали има или нема лекарски пропуст во лекувањето. Согласно ингеренциите кои ги има ДСЗИ, онаму каде што има нотирано пропуст се постапува веднаш со изрекување на решение и со казнена одредба пропишана со закон, истакна Сотирова Бухова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.