Откако помина седум дена во изолација заедно со семејството и родителите, наместо во самоизолација по контактот со новинарот на „Канал 5“ заболен од коронавирус, Зоран Заев вчера објави дека и вториот тест кој му бил направен е негативен.
Лидерот на СДСМ денеска ја искористи слободата за да се „истуши“ возејќи мотор низ Истокот.
Но, иако со месеци нема никаква државна функција, Заев и другарите ги чува државно обезбедување. Снимката и фотографиите се направени кај беровското село Стојмирово.
Додека граѓаните живеат во неизвесност од здравствената и економска нестабилност донесени од несоодветните и задоцнети мерки на владата, а медицинските лица имаат недостиг од опрема, сите му ја плаќаме придружбата, раатот и задоволството на аболицираниот бизнисмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.