Во Собранието денеска ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, со градоначалниците и секретарите на општините за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите.
На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
Претставниците од Државниот завод за статистика ќе ги информираат претставниците на локалните самоуправа за нивните должности кои произлегуваат од Законот за попис, а ќе има и сесија за поставување прашања.
Според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат секретарите на општините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.