Во Собранието на Република Македонија утре ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски со градоначалниците и секретарите на советите за спроведување на Законот за попис.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев ќе имаат официјални обраќања, а ќе зборува и директорот Симовски.

Претставниците од Државниот завод за статистика ќе ги информираат претставниците на локалните самоуправа за нивните должности кои произлегуваат од Законот за попис. Ќе има и сесија за поставување прашања.

Според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат секретарите на општините.
Средбата ќе се одржи во Големата сала со Купола. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.