Владата на Македонија информира дека вчера успешно завршил државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.

Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.