Околу 2.300 државјани на Република Македонија е бројката, кои досега се пријавиле и кои ќе треба да бидат во задолжителен државен карантин минимум 15 денови, а трошоците за тој карантин ќе бидат на товар на државата, информира министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција.
На прашањето каде ќе бидат сместени по влез во нашата држава и дали има наши граѓани позитивни на вирусот во странство, шефот на дипломатијата одговори дека не е сигурен каде ќе бидат, рано е да се каже, меѓутоа, подвлече, има и државни објекти, има и хотели во приватна сопственост кои се понудени на државата за вакви ситуации. Битно е, истакна тој, да го подигнеме капацитетот за државен карантин, условите подобри за да го заштитиме здравјето на целото населени.
Вчера е формирано работно тело. Ние ќе направиме се што може условите да бидат добри и да се грижиме за здравјето на луѓето што ќе ни се враќаат, храната, дезинфекцијата, чистењето, луѓето во државниот карантин ќе бидат еден до двајца во соба, меѓутоа не сум сигурен каде точно ќе бидат, рече Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.