Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 11.01.2021 – 15.01.2021 врз 1.119 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

  1. Дали мислите дека државните институции имаат капацитет за спроведување на фер и објективен попис?
ОДГОВОР ПРОЦЕНТИ
НЕМААТ КАПАЦИТЕТ 59.2%
ИМААТ КАПАЦИТЕТ 35.5%
ОДБИВА ДА ОДГОВОРИ 3.7%
НЕ ЗНАМ 1.6%
  1. Дали сметате дека попис во време на Ковид пандемија го загрозува вашето здравје?
ОДГОВОР ПРОЦЕНТИ
ДА ГО ЗАГРОЗУВА 49.3%
НЕ, НЕ ГО ЗАГРОУВА 34.4%
НЕМАМ СТАВ, ЕКСПЕРТИТЕ ДА ПРОЦЕНАТ 15%
НЕ ЗНАМ 1.3%

 

  1. Дали сметате дека потребен е политички консензус за оддржување на попис?
ОДГОВОРИ ПРОЦЕНТИ
ДА, ПОТРЕБЕН Е 56.2%
НЕ, НЕМА ПОТРЕБА 35.4%
ОДБИВА ДА ОДГОВОРИ 6.7%
НЕ ЗНАМ 1.7%

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите се користат за потребите на анализите на институтот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.