Бев во победничко и непокорно Кавадарци. Никој во првиот круг не веруваше дека ВМРО-ДПМНЕ од едната страна и сите останати од другата страна, дека ќе победиме. Тие измислуваа, подметнуваа, клеветеа, кодошеа, лажеа, а ние работевме – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
Вели дека СДСМ така и ќе продолжат, тоа е нивната навика, такви се тие од СДСМ.

А ние ќе продолжиме да работиме затоа што ние не сме како тие од СДСМ, ние сме ВМРО-ДПМНЕ. Тие нека кодошат, а ние ќе работиме, тие нека клеветат, а ние повторно ќе работиме и така работејќи ќе победиме најпрво на 5-ти мај, а потоа и на предвремените парламентарни избори.
Но, тоа е само првиот дел од нашата мисија. Тоа се првите два меѓника. Првиот меѓник е на 5-ти мај, а вториот ќе биде на предвремените парламентарни избори. Но потоа не чека многу работа. Не чека засукување на ракави, затоа што државата ќе треба од пепел да си ја вадиме, од онаа пепел во која што оние политички измамници ќе ни ја остават.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





Comments are closed for this post.