Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Жан Дрвошанов, порача дека мора да се застане на патот на предавството и обидите да се избришат македонскиот јазик и идентитет.

Од срцето на Македонија испраќаме силна порака. Решивме да застанеме на патот на предавството, нема да дозволиме да го скршат македонскиот народ, да го избришат македонскиот јазик, да го избришат македонскиот идентитет.

 

Ни замеруваат за протестите и не обвинуваат дека ние сме виновни за пандемијата која е излезена од контрола на власта из ема за жал се поголем замав. Меѓутоа и покрај се, и покрај сите притисоци кои ги врз нас, врз граѓаните, се зголемува бројот на луѓето кои се охрабрени да излезат на протест и да кажат НЕ на бришењето на се што е македонско.

 

Нема да го дозвоиме тоа, нема да дозволиме да се избришат нашите корени, затоа ги повикувам сите, сите граѓани да бидиме сплотени во овој момент, да бидиме единствени и да си ја зачуваме Македонија.

 

Помина времето на страв, отвораме нова страница на отпор на македонскиот народ.

Протест сега за да не биде предоцна.

Оставка на Заев, слобода на народот – порача Дрвошанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.