Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов, во дебатата на Телевизија 24 со другите кандидати истакна дека Еленица кој е во сопственост на Заеви е огромен загадувач на Струмица, а Заев ја укина акцизата за нафтен кокс за истиот да може да се користи во рудникот.

– Има поголем проблем од Огражден, а тоа е Еленица, кој е многу поголем загадувач на околината на Струмица, а Еленица е во сопственост на фамилијата на Заеви. Има податоци дека има користено нафтен кокс кој е десет пати поголем загадувач од било кое гориво, а знаеме дека Заев ја укина акцизата за да може да го користат и тоа е еден од големите загадувачи на Струмица и околината, рече Дрвошанов.

Тој посочи дека покрај тоа што ја загадуваат околината СДСМ ништо не прават и на полето на дивите депонии, кои се уште еден голем проблем во општината, како и дека не ги чистат ниту улиците.

– Проблемот со дивите депонии е огромен во Струмица, тие се сериозни загадувачи и постојано се палат, затоа ќе направиме 24 часовен видео надзор на потенцијалните места за диви депонии и служба во рамки на јавното претпријатие за комунални слуги каде ќе има 24 часа дежурна телефонска линија за пријави од граѓаните, изјави Дрвошанов



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.