Херојството и пожртвуваноста на здравствените работници во овие критични денови на пандемија, не се доволни за да го спасат од колапс македонскиот здравствен систем. За жал, нивната посветеност паѓа во сенка на лошото менаџирање на СДСМ, порача кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски.
Потенцираше дека нивниот труд не смее да остане потценет и дека од нив зависи здравјето на оваа нација!
Затоа, 20% повисоки плати во здравството за сите, гарантирана плата за специјализантите и платени дежурства се основата на здравствените реформи на Обновата на Македонија.
Во текот на првите 100 дена од формирањето на Владата, ќе интервенираме во законот и ќе им овозможиме на лекарите и медицинскиот и технички персонал од државното здравство, да имаат право да даваат услуги приватно.
Ќе ги обновиме болниците во Кичево, Струга и Битола, со што ќе обезбедиме достоинствен третман на сите оние на кои им е неопходна лекарска помош. Дежурната служба и итната медицинска помош ќе им бидат достапни на граѓаните 24 часа, а со ревизија на позитивната листа, ранливите групи ќе добијат повеќе бесплатни лекови.
Нашата Обнова ќе изгради Здравство ориентирано кон пациентите, национална стратегија што ќе значи спречување на одливот на здравствени работници надвор од Македонија, зајакнување на примарното здравство, стоматологијата и превентивата, нула корупција во здравството и функционално реорганизирање на здравствените единици, порача Дурловски во неговото видео обраќање.
Обновата на Македонија ќе донесе функционален здравствен систем кој посветено ќе работи на грижата за здравјето на македонските граѓани!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.