Власта во ек на пандемија прави криминал и сака да профитира од превозот на нашите сограѓани од странство до Македонија, вели во соопштение испратено до медиумите ВМРО ДПМНЕ.

Нашите граѓани кои доаѓаат од странство, за разлика од луѓето од другите држави кои се грижат за сопствените држвјани, сами си го плаќаат превозот. Владата не покрива ништо! Неажурноста на власта ги остава луѓето по цел ден во автобуси, без храна, вода и можност да излезат, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според партијата, власта била фатена во криминал се жали за притисок.

Притисок ќе има кога ќе имаме независно судатво и органи на прогонот кои ќе ги обелоденат матните зделки. Одговорност мора да има. Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.