До другарот Стево, со кој се знаеме едно дваесет и кусур години, со молба, да му го пренесе поздравот на Претседаателот Пендаровски. Залегнат така под дебелите сенки на плажите на Јадранов, читам другар Стево, дека Претседателот Пендаровски предложил член на Судскиот совет, а го повлекол тој кој претходно го имаше предложено неговиот претходник Иванов, ама оти не им се допаѓал на ДУИ, стоеше заглавен во Собранието, пишува Саше Димовски за Сведок.мк.
Бидејќи законот предвидува тоа да биде истакнат правник, побрзав да го видам предлогот, да му ја видам биографијата на кандидатот и секако, надевајчи се дека во рамки на толку „фалениот реформиран Судски совет“ недостасува уште овој член, па да биде „се во круг, а задоволството на квадрат“.
Но, што да ти кажам другар Стево, Претседателот Пендаровски ме разочара. И тоа поприлично. Од повеќе причини нели. Прво, затоа што прифатил кадар на ДУИ без да се наметне како авторитет и да им врати неколку предлози назад се додека не најдат некој „истакнат“ како што бара законската одредба. А, не верувам дека меѓу Албанците баш нема никој „истакнат“.
Другата работа која ме разочара е фактот што, другар Стево, Претседателот испуштил златна прилика да се наметне како авторитет и ако сам ги бираше своите советници, да предложи некој таков кадар и за член на Судскиот совет, по цена, пак да се судри со ДУИ, ама тоа да биде во корист на Републиката, на сите граѓани и најважно, во корист на судството, кое на зборови го реформираме 23 години, а на дела го уништуваме со секое ново кадровско решение.
Целата колумна може да ја прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.