Социјалните мрежи вријат поради неодговорното однесување на министерот за здравство Венко Филипче, кој наместо да покаже грам хуманост за човечките жртви и со тоа што сме на врвот по неспособноста да се спавиме со вирусот, си тера несмешни пародии на Фејсбук.
Тој на официјалниот профил како министер за здравство објави слика од папагал како извикува „оставка, оставка“, како пародија на барањата на опозицијата тој навистина да си поднесе оставка бидејќи се покажа дека е најнеспособниот министер.
Оставката е најмалку што треба да направи Филипче ако има барем малку срам и морал. Македонија најлошо се справува со короната со земјите од регионот, а пак за европските земји не може ни да се прават споредби. За 20 починати секој ден одговорност мора да има.
На кое дереџе ни е здравството покажува тоа што пациент примаше инфузија во дворот на болницата во Кичево, а пак директрорите на клиничките центри се принудени молат на Фејсбук власта да им обезбеди амбулантни возила.
Филипче станува министер за геноцид на Македонија, зошто над 1.000 мртви немало по втората светска војна во нашата земја, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму сметаат дека оставката на Филипче не е прашање на потреба, туку на време.
Министерот Филипче е тој што се однесува како да е од друга планета. Според него власта добро се справува со корона епидемијата, а Македонија надмина 1000 починати, стапката на заразени од тестирани стигна до 42%, бројот на активни случаи е околу 10.000 лица, државата е црн рекордер како во регионот, така и во Европа-велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.