Полковникот Драган Ковачки е решението на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за прв човек во Министерството за внатрешни работи, дознава Република
Ковачки е ново лице во политиката и, како што најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, уште вчера во телевизиско интервју, тој е професионалец од сферата на безбедносните политики.
Професионалната кариера ја градел со напредување низ сите скалила во АРМ. Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата. Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, како што се специјалните сили и другите сектори. Бил командант на 1. механизирана пешадиска бригада , началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.
Неговото образование, сито така е од сферата на одбраната. Има завршено повеќе високи школи и обуки во Сад и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија воХрватска и Воена Академија во Р. Македонија. Завршил успешно во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризам. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.
Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Р. Хрватска. Родител е на две деца, и е од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.