Што повеќе ќе заладува, што повеќе ќе биде пократок денот, позагаден воздухот луѓето ќе влегуваат внатре и понатаму ќе ја шират болеста, рече во вчерашното гостување на „Сител“ доктор Никола Пановски. Токму поради ова, смета тој, меркиве освен носење маска надвор се во ред, меѓутоа треба да има механизми како ќе се почитуваат тие мерки.

Значи во автобус може да се стават камери, да има контролор во меѓуградски превоз, значи строга контрола. Во фабриките да се почитуваат протоколите. Остануваат домовите кои не можат да се контролираат. Ако сме во криза како што во моментов се наоѓаме да се соединиме. Тоа значи политичките, верските лидери и сите да им кажат да се воздржат 5-6 месеци или да има кажат носете маска 14 дена по сегашни прописи секаде кај што треба, не се собирајте да видиме дали ќе се случи нешто за 28 дена. За навечер сум кажал дека треба да има полициски час, бидејќи младите сакале нејќеле ни ја носат болеста дома. Веќе месец дена се собираат во затворени простории и затоа букнува болеста. Секаде кај што се почитуваат протоколите и кај што има логика. Треба да се почитуваат мерките, за карантини и затворање на ресторани треба многу пари, тоа Кина може да го направи, посочува д-р Пановски.

Негова проценка е дека од оваа епидемијаби умреле меѓу 20 и 30 милиони луѓе низ светот и дека ако нема мерки може да трае и повеќе од две години.

Светот е решен со разни мерки да спаси да умрат барем два-три милиони и ги предложил овие мерки. Некои немаат логика не можеме да ги разбереме меѓутоа основните мерки треба да ги почитуваме. Не се лицитира со бројки, но во првите две години би умреле 2.000-3.000 и да спасиме 20.000 луѓе. Најтешките три месеци се пред нас, рече Пановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.