Формирана е нова партија во Македонија, Движење за демократија, права и слобода – ДПС. На основачкото собрание одржано во Битола за претседател на ДПС е избран долгогодишниот борец за човекови права и граѓански активист Един Јакуповиќ, кој во своето кратко обраќање изјави дека ја прифаќа одговорноста да го предводи ДПС со тим кој е составен од многу млади но и веќе докажани соработници и активисти кои долго време заедно со него ја водеа битката за демократија, права  и слободи во општеството.

Во членството на ДПС има плејада на нови луѓе без претходен било каков политички багаж, лица кои се професионалци во своите области и кои заедно ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела.

Во текот на наредната недела ДПС ќе има и редовна седница на централниот одбор каде ќе се бираат  претседателство и избор на други партиски раководства на ДПС.

Политичката партија ДПС е нова граѓанска опција, а дел од програмската рамка се следните цели:

–  развој и просперитет на независна и суверена Република Македонија.

–  членство во ЕУ и други стратешки цели за Република Македонија.

–  градење на граѓанско, демократско, плуралистичко општество, во кое ќе се почитуваат човековите права и ќе владее правото и правната држава.

–  почитување на културата и специфичностите на граѓаните, нивните еднакви права и одговорности.

–  почитување на верските слободи и правото на слободен избор на вероисповест.

–  рамноправност меѓу половите и заедниците.

–  решавање на егзистенционалните потреби на граѓаните: вработување, здравствена заштита, образование, социјална заштита и слично.

–  вградување на светските стандарди за лица со посебни потреби.

–  еднаквост и правилен социјален поредок во сите општествени сфери.

–  создавање општество на благосостојба како долгорочна цел.

–  заштита на животната средина во согласност со меѓународните документи.

–  градење на општество на слободни луѓе, пазарна економија и демократски институции без корупција.

–  градење на пријателство и добрососедски односи со сите соседни држави.

–  слобода на говорот и мислата.

Заштита на правата на медиумите.

Заштита од дискриминација на секаков тип на ранлива категорија на организации и граѓани.

Поддршка и соработка со НВО секторот.

Својата промоција ДПС ќе ја има во согласност со сите протоколи за безбедност и заштита од Ковид 19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.