Носителот на листа на ДПА во Тетово , Пајтим Тачи заедно со кандидатот за градоначалник на Тетово, Сади Беџети, беа во центарот на градот каде што зборуваа за проблемот на овој град со кучињата скитници.

Тачи вети дека со  доаѓањето на чело на општината, проблемот со кучињата скитници ќе се реши.

„Ние кога ќе ја добиеме општината ќе отвориме посебен центар за менаџирање со кучињата скитници, кои ќе се  земаат и испраќаат на посебно место каде ќе ја добиваат потребната грижа и  нема да го загрозуваат животот на граѓаните“, истакна Пајтим Тачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.