ДПА денеска одржа седница на партиското централно претседателство во Тетово, на која одлучија на претстојнте парламентарни избори да настапат самостојно.
На седницата, претседателот на партијата реферираше за состојбите, се започна дебата по што се донесе одлука. ДПА сама ќе излезе на претстојните парламентарни избори. Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите Албанци да ја поддржат и гласаат ДПА како единствена национална партија на Албанците во Република Македонија – изјави партискиот портпарол Луан Треси, објави Алсат-М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.