Пајтим Тачи од Демократската парија на Албанците (ДПА) истакна дека, според официјалните податоци, само последните пет изборни циклуси ДУИ потрошила над 2,5 милиони евра за реклами.
Уште еднаш повторувам, дуи потроши над 2,5 милиони евра. Не знаеме колку неофицијално потрошиле. Сметаме дека овие пари што беа потрошени за политички маркетинг, доколку беа инвестирани некаде, можеа да изградат некои патишта, водоснабдување или да ги искористат за отворање нови работни места и многу други работи. Исто така, продолжуваме да бараме објаснување од општина Тетово за тие 56 илјади евра, за да знаеме дали тие се дел од овие официјални податоци или има нешто друго неофицијално – истакна Тачи.
Тој оцени дека бегството на младите луѓе е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.