Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење во тек на полицискиот час за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени.
Министерството за информатичко општество и администрација досега издало 27 илјади дозволи за движење во тек на воведениот полициски час поради вонредната состојба со коронакризата за различна категории претставници на институции или други категорија граѓани. Таква дозвола може да добијат и оние кои негуваат немоќно и болно лице, информира денеска ресорниот министер Дамјан Манчевски.
До МИОА, како што рече Манчевски, по електронски пат треба да се достават лични датоци за барателот на дозволата, односно име и презиме, матичен број и телефонски број, како и медицинска потврда што ја докажува медицинската состојба на лицата за кои тие се грижат. Дозволата се издава исто така електронски и секој ќе ја добие на својот мејл, рече Манчевски.
Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење во тек на полицискиот час за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.