Бидејќи етнолошката фела (на која и самиот припаѓам) вообичајно е најзаспана, а особено се инертни оние кои треба да бидат најповикани кога станува збор за одбрана на македонските национални и државни интереси, накратко и со јазик разбирлив за сите, ќе ја коментирам целосно погрешната најава на Премиерот за внесување на Торбешите во Преамбулата во Уставот, пишува Игор Довезенски.

Македонците со исламска вероисповест се нераскинлив дел од македонскиот народ и како такви со векови најревносно го негувале и сочувале македонскиот фолклор, а особено се познати по чистотата при говорењето на македонскиот јазик.
Внесувањето на „Торбешите“ во Уставот ќе биде обид за вештачко создавање на нов народ, бидејќи македонските муслимани не зборуваат на јазик различен од македонскиот (не постои торбешки јазик), ниту пак имаат различна етногенеза односно различни карактеристики за да бидат вметнати како посебен ентитет. Самиот назив „Торбеши“ има пејоративно значење и многумина од нив го доживуваат крајно навредливо, пишува тој.

Според Довезенски, ваквата одлука има за цел уште повеќе да го намали бројот на Македонците во нашата држава и да внесе нови поделби во нашето поделено општество.

Наместо да се форсираат бесмислени идеи, властите треба да се зафатат со подобрување на образованието како и со инфраструктурни решенија со кои Македонците со исламска вероисповед ќе го подобрат својот статус и полесно ќе се интегрираат, а истовремено ќе се спречи нивното иселување во земјите во западна Европа, пишува познатиот македонски инструктор за класични јапонски боречки вештини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.