Граѓаните на Македонија денеска околу пладне гледаа на небото предизвикани од огромната бучава што се слушаше. Но, тоа не беше звук на патнички авион или хеликоптер туку на вистински борбени авиони.
Одсега и официјално авиони на НАТО Алијансата повремено ќе патролираат над македонското небо како дел од „air policing“.Тоа е операција во која сојузници на НАТО го штитат воздушниот простор, во случајот на Македонија која нема свои воздухоплови.
Какви авиони летаа
Станува збор на Авакс и грчки ловци Ф-16
F-16 е повеќенаменски борбен авион со еден турбомлазен мотор. Тој е лесен ловец кој може да се трансформира во повеќенаменски масовен борбен авион.Приоритет му е борба во воздушниот простор.
Има нагласена едноделна купола во пилотската кабина со значителна крошна над трупот за подобрување на видливоста на пилотот, електрична контрола на летот, тежок товар во лежечкото седиште и намалена статичка стабилност. со што се подобруваат карактеристиките на авионите за маневрирање.
Цената во зависност од опремата се движи околу 15 милиони евра.
Американскиот Авакс пак е многу „пострашен“ авион. Тој има: 45m распон на крилата 4 мотори. Максимална висина 8.7km, брзина 0.48 маха , четири членови на екипажот.
Има развиен ГПС со можност за пасивна детекција и идентификуваат цели во воздух а и на земја. Има можност за откривање на непријателските радари и воздушно полнење гориво.
Цената на еден Авакс може да достигне и 500 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.