Кога веќе сме кај случаите од 27 април, кога веќе сме кај тие „пусти пари“ господине Заев вие сте сега најдобар пријател со вратарот, вие сте најдобар другар со вратарот и вие тендери делите ширум Македонија. Тоа се „пусти пари“ господине Заев, му порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешнот ТВ дуелот на телевизија 24 на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Мицкоски посочи дека оваа дебата треба да биде понуда за граѓаните, кој и што ќе направи, а не обвинувања, односно како што рече тој граѓаните се доста измачени и изманипулирани како резултат на тоа што ни се случуваше поради пандемијата и неспособноста на власта на СДСМ да се справите, како економски, така здравствено.

Само јас не сакам да ја спуштам на тоа ниво нашата денешна дебата затоа што ценам дека треба да зборуваме за понудата, граѓаните се доста измачени, доста изманипулирани изминативе месеци, како резултат на тоа што ни се случуваше поради пандемијата и неспособноста ваша да се справите, како економски, така здравствено, кажа Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.