Сашо Тасевски на социјалните мрежи се осврна на  големиот број заболени од коронавирус во Македонија, во однос на регионот.

Вчера, Хрватска 1 заразен, Словенија 1 заразен, Црна Гора нула заразени.

Ние вчера 37 заразени, денес 23 заразени.

Бројките се незгодна ствар.

И доста со бајките луѓето се виновни зашто се непослушни. Тие се такви секаде каде нема родител да ги плесне по газето. Државата е таков родител. Кога ја нема, тоа е.

Дома ако децата не се разбираат од збор, следи казна. Да видиш после како гувеат, тишина.

Затоа доста покажувате со прст кон верници или неверници како биле сељаци и глупи.

Не. Да имаше држава и власт со авторитет, ќе беше МУКЛА. Ни лажичиња ни рамазани, ништо. Сите ќе беа дома кога треба.

Вие како власт сте неспособните, зашто калкулирате за гласови и избори и затоа што немате авторитет ни до Чаир. Ај здраво.

Вчера, Хрватска 1 заразен, Словенија 1 заразен, Црна Гора нула заразени.
Ние вчера 37 заразени, денес 23 заразени….

Posted by Sasho Tasevski on Monday, 25 May 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.