Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, напиша вчера на својот фејсбук-профил лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Но, наместо поддршка за овие негови тврдења, граѓаните го нападнаа дека вината треба да ја бара само кај себе и кај своите партиски послушници и неспособни кадри.

А бре, златен тој, многу брзо забораваш. Кога беа уапсени непослушници во Сингелиќ и се собраа да протестираат, кој дојде да ги ослободи? Градоначалникот, така? Од која партијата е тој, од СДСМ? Кој му нареди да ги ослободат?, се вели во еден од коментарите од граѓаните.

Јавноста е револтирана од постојаните изговори на власта и нивното кревање раменици.

Доста бе народот жив го јадовте, имавте шанса да работите и тогаш Миле ви беше крив. Еднаш не покажавте став и не останавте зад постапките, се некој друг ви е виновен. 
Иначе Господине, не, никој не е виновен, ОСВЕН народот кој слепо верува дури парче ја правите државата, револтирано коментира друг.

Кога блескате вие сте заслужни, кога ќе се види оти сте гола вода друг е крив. Сега нè задолживте милијарди евра, па уште Чулев да го нема за да ги прокнижите преку вашите фирми, велат граѓаните.

Вчера и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагираше на овие изјави од Заев и СДСМ.

Навистина жалам што трагедијата и фијаското што се случува со ширењето на заразата Зоран Заев ја сведува на обична дневнополитичка пресметка, во ситуација кога дневно се заболуваат над 50 луѓе, а бројката на починати расте. 

Мерките против корона кризата се укинаа по препорака на Комисијата за заразни болести водена од политичарот Караџовски, а одлуката е донесена од владата на Заев и Спасовски. Мнозинството во таа влада е на Зоран Заев и СДСМ.

Тие сакаат да претстават дека јас и ВМРО-ДПМНЕ сме власт само за да се амнестираат од сопствената одговорност за погрешните одлуки и проценки, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.