Доста изненадувања на листата на нови министри од коалицијата „Можеме“. Откако ДУИ предмалку ги објави своите претставници во новата влада, познати се и имињата на министрите од СДСМ.
Вака ќе изгледа новата влада:
Љупчо Николовски – вицепремиер
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Венко Филипче – министер за здравство
Мила Царовска – министерка за образование и наука
Бојан Маричиќ – министер за правда
Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
Ирена Стефоска – министерка за култура
Аријанит Хоџа (Беса) – министер за земјоделство
Горан Милевски (ЛДП) – министер за локална самоуправа.
За потсетување, ДУИ одлучи дека:
Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем
Фатмир Бесими – министер за финансии
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Крешник Бектеши – министер за економија
Насер Нуредини – министер за животна средина
Од ДУИ соопштија дека за Министерството за информатичко општество и администравија дополнително ќе се одлучува.
Во тек е седница на Централниот одборж на СДСМ во „Холидеј Ин“, по чие завршување од партијата би требало да ги потврдат имињата на новите министри.
На оваа листа ги нема досегашните министри од финансии – Нина Ангеловска, правда – Рената Дескоска, транспорт – Горан Сугарески, образование – Арбр Адеми…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.