Меѓувладина конференција треба да се случи денес, доста овој народ пред се македонскиот народ, но и останатите кои што се наши сограѓани, кои што живеат во оваа наша Македонија правеа отстапки. Доста е веќе – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисија на ТВ21.
Мицкоски посочи дека нашата држава имаше име кое што ниедна држава го нема, и покрај добиената пресуда во Хаг власта се дрзна и го смени името.
Не убедуваа тогаш дека за џабе сме ја добиле таа пресуда бидејќи во светот односно по меѓународното право важи правилото на посилниот отколку на меѓународното право. Менувавме и знаме, затоа што некому му пречело, насила протуркаа промена на Устав а со цел промена на уставното име. И тоа ги убедуваа граѓаните во масовна кампања дека тоа е последното и од тој момент ние сме дел од НАТО и почнуваме преговори и стануваме дел од ЕУ, нели ни велеа поквалитетни вакцини, бесплатно здравство, поквалитетно образование. Е, сега сакам да си го одржат зборот. Сакам, тие тоа што ни го ветуваа тоа да си го одржат и притисокот да го прават во Бугарија – истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека наместо сега да се говори за иднина, сега се говори за минатото.
Веднаш да се одржи меѓувладина конференција и не ме интересира друго, ВМРО-ДПМНЕ а ниту јас не подржуваме ниту една национална отстапка – појасни Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека е срамота тоа што бара Бугарија од Македонија, се знае дека македонскиот народ е единствен на Балканот кој ја формирал својата држава без спонзор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.