Граѓанската иницијатива „Доста е“ од Тетово и овој петок со блокада на сообраќајот изрази незадоволство од тоа што е зголемена цената на електричната енергија. Вечерва од 18 од 19 часот беше блокиран автопатот од Тетово кон Гостивар.
„Доста е“ организира протести повеќе од два месеца како израз на незадоволство од повисоката цена на електричната енергија.
Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на Регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании – велат од иницијативата.
Минатата недела со слична блокада беше стопиран сообраќајот на автопатот од Скопје кон Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.