На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 216.453 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани.
Како што соопштија од министерството за здравство, вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 38,8 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза од вакцините.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани – наведуваат од Министерството.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа, како што велат, е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.