Од Државната изборна комисија (ДИК) соопштија дека, заклучно со завчера, вкупно 5164 лица се провериле во Избирачкиот список. Од нив поднесени се вкупно 11 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и четири барања за измена на податоците во Избирачкиот список.
Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори ќе трае до 9 септември. Јавен увид граѓаните можат да направат во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку веб-страницата на Комисијата.
Изборите се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да се одржи на 30 октомври. Изборната кампања за првиот круг на изборите почнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.