Владата попладнево во 18:00 часот ќе одржи седница, а на дневен ред, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, треба да бидат дополнителните мерки за спречување на корона вирусот.

Во Владата денеска координативна средба одржаа лидерите на политичките партии. На средбата присуствуваа и техничкиот премиер Оливер Спасовски, претседателт на Собранието Талат Џафери, како и министерот за здравство Венко Филипче. Генералниот заклучок од средбата е дека здравјето на граѓаните во овој момент е најважно, поради што мерките за заштита од корона вирусот мора да се почитуваат.

Во 16 часот, пред владината седница, техничкиот премиер Спасовски треба да одржи средба со владиниот економски тим и стопанските комори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.