Владата направи одредени измени во протоколот кој се однесува на згрижување на децата во градинките. Сега е предвидено во групите од 0 до 2 години, наместо по шест деца, да бидат згрижени по 12 дечиња и за нив да се грижат по две негувателки во смена.
На веб страницата на Владата, како Прилог бр. 9, е објавен и Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, вклучително и измените според кои е предвидено воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 12 деца (наместо досегашните 6) и двајца вработени во смена, се наведува во соопштението од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.