Здружението на граѓани Обнова Глобал Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, согласно своите финансиски и материјални можности да донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица што беше опожарен на 2 јануари годинава.

Како што се наведува во соопштението на здружението, Паричните средства што ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка – 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.

-Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро пуштање во употреба на ГТЦ Глобал Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и од другите соседни општини, стои во соопштението на здружението на граѓани



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.