Ако им забележувавме на нашите родители дека не биле доволно храбри да ги заштитат фабриките од болната транзиција, нас ќе нѐ обвинуваат нашите деца дека не сме биле доволно храбри да го одбраниме она што остана од Македонија и сме биле причина да си го бараат чарето надвор од неа, истакна вечеврва во своето обраќање на протестот во Охрид претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид Сашо Донев.

Донев прашува дали ние како генерација го заслужуваме сето ова што ни се случува!?

Токму затоа нема назад, мора да бидеме мудри, да делуваме мудро. Да се бориме и да се обединиме, за заедно да го спречиме злото кое Заев и тие околу него и го имаат спремено на Македонија и само го чекаат правиот момент за да го испорачаат последното предавство.

Затоа наша должност е да му го покажеме патот на Заев кон темната страна на историјата!,рече Донев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.