И покрај тоа што локалната власт во Охрид постојано се фали дека депонијата Буково е изгасната, таа повторно гори, чади и ги труе граѓаните.
За состојбата со депонијата реагира претседателот на Општнскиот комитете на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и носител на советничката листа на партијата за Советот на Општина Охрид, Сашо Донев.
Тој на Фејсбук објави и видео од чадот од Буково.
Буково, Охрид, денес…
Ова е реалноста на охридските планини утрово. Токсичен чад од запалено ѓубре кој ги труе нашите деца. Реалноста не е насмеаниот Коста кој гордо планинари во скапа опрема на рекламниот спот на СДС за локалните избори.
За доброто и здравјето на сите нас, доста е од овие лажговци, лицемери и неработници!
Време е за промени!
Време е за проекти!
Време е за победи! – порачува Донев под видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.