За зголемената цена на тестовите Ден Дончев, директор на ФЗО истакна дека е прашање кое треба да се достави до приватните здравствени установи.

Фондот имаше веќе воспоставено цена уште во 2013 година за вршење на молекуларни тестови во износ од 5500 денари. Тоа беше во услови кога потребата од нив беше помала пред да настапи пандемијата со Ковид-19.

Фондот направи своја анализа да се утврди која би била евентуалната цена за тестот за Ковид-19 и дојдовме до цена од 3.600 денари, но истовремено дојдовме до сознанија дека цената која се наплаќа во слободни услови на пазар изнесува 1.500 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.