Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) одлучи да додели финансиска помош за семејствата на македонските државјани кои загинаа, како и за повредените во автобуската несреќа што се случи рано изутринава во Бугарија.
Донацијата е во висина од 60.000 денари за секое загинато лице поединечно. За лицата коишто се наоѓаат на болничко лекување, финансиската помош е во висина од по 30.000 денари. Финансиските средства ќе бидат уплатени преку Црвениот крст.
Агенцијата изразува длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите лица во оваа трагедија.
На сите повредени лица им посакуваме побрзо оздравување – соопштија од АВМУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.