Зелената партија ДОМ, на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ. Од партијата велат дека во преговорите беше договорено дека еден од главните столбови на коалициската програма ќе биде заштитата на животната средина и климата, што е врвен приоритет на ДОМ.

Согласно одлуката на Централниот одбор, кандидати за пратеници од ДОМ се лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во ИЕ3, потпретседателот на ДОМ, Мирослав Богдановски во ИЕ1, како и претседателот на општинската организација во Штип, Ванчо Санев во ИЕ3 и советничката од ДОМ во Битола, Ристенка Алтипармаковска во ИЕ5, се вели во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.