Историјата не обврзува ништо и никого да не заборавиме и да ги чуваме спомените и сеќавањата на светлите датуми и големите борци заради нас и идните поколенија, соопштуваат од ДОМ.

Го чествуваме Илинден за да се сетиме на судбините на нашите предци, да оживее сеќавањето на жртвите и на стремежот на македонскиот народ за слобода, но и да не згасне факелот на нашата државност и идентитет.

Илинден е темел на нашата државност и постојан патоказ за нашата иднина, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура.
Илинден е дел од сите нас и ние треба да живееме со него, да им оддадеме почит на илинденските борци и да се гордееме со нивните дела.

Втори август е најсветол датум, ненадминат настан од нашата историја што не може и нема да се заборави. НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ 2 АВГУСТ – ДЕН НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ!, додаваат оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.