Секаде глувците и стаорците први го напуштале бродот кој тоне. Оттука воопшто не е за изненадување оставката на досегашниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, пишува Александар Пандов во својот статус на Фејсбук.

По природа тивок, но во Македонија прочуен по аферата ,,Рекет II“, од која разбравме како заедно со министерот Венко Филипче брутално рекетирале скопска бизнисменка, сигурно му е јасно после ова што го следува. Но уште поважно е што овој лик, како ,,соработник“ на кој ти знае кои се не служби, нормално да е меѓу првите кој ја има информацијата дека во Република Македонија следува паѓање на СДС и конечно сместување на апашите и арамиите во казнено-поправни установи, а притоа и ослобудување од истите на родољубите и патриотите 👌🏻!

Историјата се повторува, па ,,кенгурот“ сигурно повторно ќе бега за Австралија! Нема да му биде прв пат да доаѓа во Македонија сув, да си ги товари магарињата, па истите така натоварени да ги троши во Австралија, но да се надеваме дека овој пат ќе се потврди онаа нашата, старата, како беше, ,,Долга е раката на ВМРО“ или ,,Долга е раката на правдата“?

#НемаПравдаНемаМир, пишува Пандов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.