Прекрасен крај на напорниот ден. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го заврши вчерашниот ден со последните пет сликички од првиот албум на Антониј и третиот на Јован.
Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа…, го наполнивме албумот, не оној семејниот 😳, туку оној од ЕУРО 2020 😁, со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост.
Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно…, и секако навивањето за нашата Македонија!, напиша Мицкоски споделувајќи фотографии од синовите.
Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме…
Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 11 May 2021
Во текот на денот опозицискиот лидер беше во посета на Делчево, во рамките на кампањата „Пратениците со народот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.