Претседателот на Евроспката народна партија Жозеф Дол ги информираше делегатите за резултатите на ЕНП за изборите за Европскиот парламент и за резултатите од претседателските избори во Република Македонија и истакна дека во борба со коалиција составена од 31 политичка партија ВМРО-ДПМНЕ постигнала одличен резултат со освоени 46% од гласовите.

Дол нагласи дека посебно го радува тоа што ВМРО-ДПМНЕ покажала голема сила и со оваа тенденција очекува уште подобри резултати и победа на следните парламентатни избори по кои ќе дојде до промена на власта во Македонија и Влада ќе формира ВМРО-ДПМНЕ.

Поддршката на ЕНП за ВМРО-ДПМНЕ во остварување на оваа цел ќе биде континуирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.