Елена Китанова од Струмица, 25-годишната докторка која од пред еден месец работи во струмичката брза помош е херојот кој спаси жена – давеник на градската плажа во Дојран.

Настанот се случи на 11-ти август, околу 17 часот, додека младата докторка била дежурна во амбулантата во Дојран. Заедно со неа била и дежурната медицинска сестра и возачот на амбулантното возило, кога во просториите на амбулантата, која се наоѓа во близина на градската плажа, влетал вознемирен човек кој барал помош.

Како што раскажува д-р Китанова за „Фокус”, човекот им кажал дека од езерската вода извадил тело на млада жена, давеник, која не давала знаци на живот.

Веднаш се упативме кон местото, каде без знаци на живот, значи без срцева активност и пулс лежеше жена на возраст од 36 години, струмичанка. Околу неа имаше многу народ, сите беа вознемирени и потресени, и првото нешто кое го прашав беше дали некој и пружил било каква помош на жената, на што ми одговорија дека единствено човекот кој ја забележал во водата, успеал да ја извади на брегот.
Започнав со реанимација, бев под голем стрес и единствено мислев дека мора да ја спасам, да ја вратам во живот! Кога и дадов андреналин, таа започна со дишење, се врати во живот! Беше збунета, не зборуваше ништо. На раце, со сестрата и возачот на амбулантото возило ја ставивме на носилка, помогнаа и луѓето од плажата, стигнавме до возилото, и заминавме во болницата во Гевгелија – раскажува докторката.

Појаснува дека најважно и е што еден човечки живот е спасен, и скромно вели дека таа само си ја работела својата работа.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.